Украина

Зеленски: Нема да се откажеме од ништо украинско

19.04.2022 12:10

Руските трупи во битка за Донбас–нова најголемата офанзива во источна Украина . Ќе се бориме и браниме, се обрати претседателот Зеленски . Во опколениот Мариупол жестоки борби. Москва со ултиматум: Украинските борци и платеници до пладне да ја напуштат челичарницата Азовстал. Градските власти на Мариупол тврдат дека во фабриката се кријат цивили...

По прегрупирањата на руските трупи и жестоките гранатирања, почна втората фаза од војната во Украина, битката за Донбас. Долгонајавуваната офанзива на руските сили за преземање на контролата на истокот ја потврди и претседателот Зеленски.

„Без разлика колку руски војници се таму, ние ќе се бориме! Ќе се браниме и тоа ќе го правиме секој ден. Нема да се откажеме од ништо украинско“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Фокус на руските сили остануваат Доњецк и Луганск.

„Главните напори на непријателот се насочени кон Луганск и Доњецк, како и воспоставување целосна контрола над Мариупол. Во јужен правец, се фокусираат да стигнат до регионот Кесон. Гранатирањата врз цивилни цели во Миколаев продолжуваат“, изјави Олександр Штупун – портпарол на Генералштабот на украинските вооружени сили.

Украинските војници подготвени да дадат отпор.

„Ако газат на наша територијанека влезат, тука и ќе останатзасекогаш. Нема да има прашањаќе го добијат она што го заслужуваат“, порача украински војник од Доњецк.

Контролата на Кремина во регионот Луганск е изгубена. Во опколениот Мариупол и натаму жестоки борби. Националната гарда „Азов“ објави видео, тврдејќи дека успеале да ги одвратат руските сили. Пентагон ја следи ситуацијата.

„Русите го прават она што ние го нарекуваме обликување. Се обидуваат да постават услови за поагресивни, поотворени и поголеми копнени маневри во Донбас“, вели Џон Кирби – портпарол на Пентагон.

Во фабриката Азовстал сè уште се кријат околу илјада цивили. Украинската вицепремиерка Верешчук, обвинува дека нема договор за воспоставување хуманитарни коридори. Генералниот секретар на ООН длабоко загрижен од продолжените напади.

„Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека мора да ги преземат сите неопходни мерки за да се избегнат цивилни жртви“, изјави Стефан Дујариќ – портпарол на генералниот секретар на ООН.

Русија ги брои нанесените удари.

„Извршени се напади врз 1.260 воени објектиПотиснавме 13 упоришта на украинските трупи, како и области на непријателска работна сила и воена опрема“, информираше Игор Кнашенков – портпарол на руското Министерство за одбрана.

Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков тврди дека Украина извршила напади во селото Головчин и дека е повредена жена. По 7 години, статуата на поранешниот советски лидер Владимир Ленин повторно поставена во окупираниот град Хеническ.

Од белата куќа соопштија дека размислуваат за дополнителни санкции кон Русија, но дека претседателот Бајден и покрај повикот на Зеленски, нема да ја посети Украина.

 

Бојана Крстевски