Француско основно училиште од септември во Македонија
Македонија е земја со поволна клима за инвестрирање вели Ле Рок кој е претседател на Управниот одбор и сопственик на училиштето и оценува дека е вистински момент да се вложи во образовниот систем во нашата земја...

Бизнис-соработката на Македонија со Франција добива поголем интензитет. Инвеститорот Жан Франсоа ле Рок отвори основно француско училиште во земјава. Предвидено е наставата да се одвива на француски јазик, а ќе ја водат високообразовани професори од Франција со долгогодишно искуство.
Македонија е земја со поволна клима за инвестрирање вели Ле Рок кој е претседател на Управниот одбор и сопственик на училиштето и оценува дека е вистински момент да се вложи во образовниот систем во нашата земја. Тој додаде дека постоењето на Француското интернационално училиште во Скопје ќе придонесе да се зајакне развојот на економските и трговските врски меѓу Македонија и Франција.
Од септември годинава се планира да се вклучат во наставата 60-тина ученици, од 3 до 10 години. Едукацијата ќе се одвива според програмата на Министерството за образование на Република Франција, а целта е добивање меѓународно признати дипломи и квалитетно образование.
Инаку, ова е трето отворено училиште на Ле Рок, другите две се во Сараево и во Украина.
Сања Спиридонова
