Трговија

Николовски: Почна увозот на масло за јадење

19.04.2022 15:18

Вели двојно е зголемено домашното производството на зејтин- нема потреби од залихи. Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.

Почна увозот на масло за јадење од Србија, утре ќе се најде на рафтовите во маркетите- вели министерот Николовски. Вели двојно е зголемено домашното производството на зејтин- нема потреби од залихи.  Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.

Гарантираме дека има доволно количини. Имаме зголемено домашно производство и денеска имаме увоз и од Русија, Украина и Бугарија, и на масло за јадење и на нерафинирано масло така што воопшто нема потреба од никаква паника и од зголемување на домашните залихи. Ја сфаќаме загриженоста, но максимално се работи на обезбедување доволно количини, потенцира Николовски.

Министерот повтори и дека доколку има потреба, покрај предвидените два милиона литри, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло за јадење од Србија.