Николовски: Зејтин има, испорачани првите количини од Србија, се увезува и од Русија, Украина и Бугарија
Во тек е интервентен увоз на масло за јадење, веќе го има од Украина, Бугарија, Русија. Апел од министерот за земјоделство до граѓаните, не правете залихи, го има доволно. Не кажа дали цената на зејтинот може да се зголемува во трговијата, но најави од утре пристигнува српскиот контингент...

Српско масло и денеска нема во маркетите. Увезени се првите количини, а од утре ќе се најде на рафтовите. Како што најави министерот за земјоделство Николовски, почнат е увозот на рафинирано масло и масло за јадење и од Русија, Украина и Бугарија. Тој апелира граѓаните да не прават залихи. Доколку има потреба ќе се бара увоз на дополнително масло од Србија.
Фокусот на владините политики е домашното производство вели Николовски, ги повика земјоделците да ги искористат средствата од интервентниот фонд. Вели дека сме единствена земја која ја субвенционира зелената нафта и дава најголема поддршката за вештачкото ѓубриво.
Целта е да се стави во функција целото необработено земјоделско земјиште. Објавен огласот за закуп на вкупно 700 парцели со 5.722 хектари, државно земјоделско земјиште.
Викторија Милевска
