Домаќините сигурни
Победи на Филаделфија и Голден Стејт за водство со 2-0 во сериите подобар од седум, додека по киксот на првиот натпревар на домашен терен Далас ја совлада Јута со 110-104 и израмни на 1-1 во серијата. Одличен натпревар за Далас одигра Брансон со 41 поен, а Клебер надополни со 25 поени, додека кај Јута Мичел запиша 34...

Победи на Филаделфија и Голден Стејт за водство со 2-0 во сериите подобар од седум, додека по киксот на првиот натпревар на домашен терен Далас ја совлада Јута со 110-104 и израмни на 1-1 во серијата. Одличен натпревар за Далас одигра Брансон со 41 поен, а Клебер надополни со 25 поени, додека кај Јута Мичел запиша 34.
Во другиот натпревар од западната конференција Голден Стејт по втор пат беше подобар од Денвер за водство со 2-0 по победата со 126-106. Стеф Кари беше најдобриот поединец во домашниот состав со 34 поени, а на спротивната страна Јокиќ со 26 поени и 11 скока но недоволно за израмнување во серијата па сега Денвер шансата ќе ја бара на домашен терен.
На истокот Филаделфија го победи Торонто со 112-97 за водство со 2-0 по одличната партија на Ембид со 31 поен и 11 скока, додека кај Торонто се истакна Аноноби со 34 поени.
