Македонско-германска врска за лажни документи
Во тек е опсежна и синхронизирана полициска акција во земјава и во Германија

Полициите разбиваат мрежа криминалци на “Хамбург Мафија“ која изработувала фалсификувани документи, лични карти, патни исправи и возачки дозволи. Во Македонија организатор на мрежата била компанија со исто име како американското федерално истражно биро FBI. Фирмата била регистрирана за трговија и туризам основана од лица од скопско Арачиново. Германско-македонската врска ги реализирала лажните документи во Европската Унија, преку Бугарија, Грција и Италија. Полициите во Скопје и Хамбург веќе имаат приведено лица, за што од МВР сеуште не соопштуваат конкретни информации. МТВ екипа е веќе на терен во близина на Битпазар кадешто трае акцијата, гледајте вести во 13 часот. Поцелосни информации во Дневник 1 во 17 часот.
