По успехот на јуниорската репрезентација прием во АМС

08.04.2014 13:20

По повод остварениот пласман на ЕП за јуниори кое ќе се одржи во Австрија, ракометната репрезентација на Македонија до 20 годишна возраст беше на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мајран Спасески. 

Покрај честитките за големиот успех на селекторот Зоран Петковски и на младите ракометари, директорот Спасески истакна дека пласманот на Европското првенство претставува ушта поголема сатисфакција поради тоа што е изборен со стопостотен учинок со три победи против Италија, Грција и Исланд, по што конечно по 10 години, младите ракометари одново ќе играат на Европско првенство.

Тоа е доказ дека Македонија не треба да стравува за ракометната иднина,  затоа што во овој состав се наследниците на актуелните звезди Кире Лазаров, Наумче Мојсовки, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски и другите сениорски репрезентативци.

Селекторот Зоран Петковски и младите репрезентативци се заблагодарија за приемот, и додадоа дека ќе дадат се од себе од Европското првенство да се вратат со едно од првите три места.