Почнува Супер лигата
Од денеска и машкиот ракометен шампионат на Македонија влегува во суперлигашка фаза. Зомимак и Пролет ќе играат во првиот натпревар од најзначајниот дел од сезоната, оној во којшто учествуваат најдобрите.

Во првото коло, утре во Битола, Пелистер ќе го пречека Металург Јуниор, а се уште е неизвесно кога ќе биде одиграно големото дерби меѓу Вардар и Металург. Со оглед на настапите на двата клуба во чевтрфиналето од Лигата на шампионите, Ракометната федерација на Македонија остави простор претендентите за пехарот сами да се договорат кога ќе истрчаат на паркетот. Најверојатно тоа ќе се случи во мај, втори и осми се можни термини, што значи дека разврската во битката за титулата може да биде за само неколку дена. Вардар предложи двата натпревара да се играат во арената „Борис Трајковски“ најавувајќи дека тоа е извесно за мечот што ќе го организираат црвено – црните.
На денешната седница на Управниот одбор, РФМ реши Охрид да биде домаќин на завршниот турнир од купот. Датумите за полуфиналните средби и за финалето се 17 и 18-ти мај.