Турција

Експлозија на автобус во Бурса

20.04.2022 10:12

Автобусот превезувал затворски чувари до нивното работно место. Гувернерот на покраината вели дека експлозијата најверојатно е изведена со рачна направа и постојат сомнежи за терористички чин...

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени од кои еден критично по експлозија на автобус во северозападната провинција Бурса.

Автобусот превезувал затворски чувари до нивното работно место.

Гувернерот на покраината вели дека експлозијата најверојатно е изведена со рачна направа и постојат сомнежи за терористички чин.

Според властите, терористичките напади во поголемите градови во Турција се реткост поради кампањата против организациите што Анкара ги смета за терористички, меѓу кои ПКК и ДАЕШ.