Бесими на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Министерот Бесими ќе оставари повеќе состаноци со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции, меѓу кои со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс...
Влијанието нa конфликтот во Украина врз економијата во глобални рамки, како и ценовната и енергетската криза ќе бидат главните теми на кои ќе се разговара на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои оваа недела се одржуваат во Вашингтон.
Ќе учествува делегација од земјава предводена од министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Министерот Бесими ќе оставари повеќе состаноци со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции, меѓу кои со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, шефот на Мисијата на ММФ за РС Македонија Бергјот Бјорнсон Баркбу, регионалниот претставник за Западен Балкан Штефани Ебле и директорот на Одделот за Европа на ММФ Алфред Камер, како и со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.
За време на престојот во Вашингтон, Бесими ќе се сретне и со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, а ќе има состаноци со претставници на Трозорот на САД.
