Украина

Претседателот на Европскиот совет во посета на Киев

20.04.2022 10:51

„Денеска сум во Киев. Во срцето на слободна и демократска Европа“, напиша Мишел на „Твитер“.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.

„Денеска сум во Киев. Во срцето на слободна и демократска Европа“, напиша Мишел на „Твитер“.

Претходно овој месец и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, го посети украинскиот главен град.