Во Охрид по Куп пехарот

08.04.2014 13:44

Управниот одбор на ракометната федерација на Македонија ја официјализира замислата, градот Охрид да биде домаќин на Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе се одржи на 17 и 18 мај.

Како последен освојувач на овој трофеј запишан минатата година вице првакот Металург, кој стигна до петото куп славје во финалето со најтрофејниот со 8 пехари во ова натпреварување, шампионот Вардар.

Инаку на седницата на УО на РФМ беше одредена и сума од 60 000 денари како награда на селекторот на младинската репрезентација до 20 години, Зоран Петковски. Наградата доаѓа како резултат на кажаното и остварено, пласман на Европскиот шампионат од 24 јули до 3-ти август во Австрија.

Потсетуваме нашите момчиња меѓу 16-те најдобри млади селекции се најдоа по трите доминантно извојувани победи, над Италија, Грција и Исланд.

Казна пак од 200 000 денари заработи сега веќе екс репрезентативецот на Макеоднија Бранислав Ангеловски, поради изјавата дадена на Европското во Данска. Се смета дека со тогаш кажаното, Ангеловски го нарушил угледот на македонската репрезентација.