Акциите на „Нетфликс“ паднаа за повеќе од 25%
Акциите на „Нетфликс“ изгубија четвртина од вредноста откако компанијата го напушти рускиот пазар. Бројот на претплатници за прв пат опадна по повеќе од една деценија, наведувајќи ја како причина, прекинот на услугите во Русија поради инвазијата на Москва на Украина...

Акциите на „Нетфликс“ изгубија четвртина од вредноста откако компанијата го напушти рускиот пазар.
Бројот на претплатници за прв пат опадна, по повеќе од една деценија, наведувајќи ја како причина, прекинот на услугите во Русија поради инвазијата на Москва на Украина.
Исто така, ова се случува и поради споделување лозинки меѓу самите корисници, тврдат од „Нетфликс“.
Компанијата е подготвена да направи промени во моделот на своето работење, да го укине споделувањето лозинки или на корисниците кои споделуваат да им наплаќа повеќе.
„Нетфликс“ го заврши првиот квартал од оваа година со 221,6 милиони претплатници, нешто помалку од последниот квартал од минатата година. Технолошката компанија од Силиконската долина објави нето-приход од 1,6 милијарди долари во неодамна завршениот квартал, што е за 100 милиони долари повеќе од истиот период претходната година.
