Во Италија приведени 36 лица соучесници на мафијата
Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 соучесници на неаполската мафија Камора која се смета за една од најбруталните групи, известуваат локалните медиуми. Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор...

Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 соучесници на неаполската мафија Камора која се смета за една од најбруталните групи, известуваат локалните медиуми.
Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на седум лица им е изречена забрана за вршење дејност.
Запленет е и имот вреден 150 милиони евра. Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, корупција, недозволено поседување огнено оружје и други кривични дела.
Камора се смета за најбрутална од сите италијански мафијашки групи. Таа стана светски популарна по објавувањето на книгата на публицистот Роберто Савијано „Гомора“, во која открива дека членовите на Камора го контролираат отстранувањето на отпадот, вклучително и токсичниот.
