Полска

Експлозија во рудник за метан во Полска

20.04.2022 13:19

Загинати и повредени во експлозија во рудник за метан во јужна Полска. Според властите има и исчезнати. Лекарите соопштија дека состојбата на неколкумина повредени е критична...

Загинати и повредени во експлозија во рудник за метан во јужна Полска.

Според властите има и исчезнати. Лекарите соопштија дека состојбата на неколкумина повредени е критична.

Најголем дел од повредените имаат изгореници по телото а некои и по дишните органи.

„Дел од повредените рудари се во тешка состојба. Итно беа пренесени во болница. Дел од нив се хоспитализирани во центарот за лекување изгореници“, изјави директорот на рудникот.

Според официјални лица од компанијата, поради пожарот прекината  е итната спасувачка операција.