Економија

Бектеши: Мерките на Владата даваат резултат, има доволна залиха на зејтин

20.04.2022 13:42

Бектеши потенцираше дека е започнат увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, а се работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

Снабдувањето со сончоглед е стабилно, државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните капацитети, но има и зејтин за потрошувачка, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посеа на фабриката „Кристал“ во Велес.

Како што истакна Бектеши, мерките кои што ги донесе Владата даваат резултат, од информациите на терен од производителите и трговците има залиха на масло за јадење за граѓаните и уште еднаш порача дека нема потреба да се прават непотребни залихи.

Бектеши потенцираше дека е започнат увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, а се работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

„Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките, имајќи во предвид отворените и тарнспарентни разговори кои ги имавме и со производителите на масло за јадење и со трговците,  во моментов ситуацијата е стабилна во делот на снабдување со сончоглед на трговците на мало воедно на маркетите, а дополнително на тоа се одвиваа стабилно и во контиунитет и увозот на сурово сончогледово . Со последните одлуки на Владата кои се прават во координација помеѓу двете министерства веќе почнува да се увезува и рафинирано масло за јадење од страна на нашите соседи“, изјави Бектеши и додаде дека главна цел на Владата е да се зголеми домашното производство, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни.

Од фабриката „Кристал“ дека ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи.