Франција

ТВ дуел меѓу Макрон и Ле Пен

20.04.2022 13:42

Предизвикот во вториот круг е да се убедат неодлучните Французи да излезат на гласање, бидејќи 26 насто од гласачите не излегоа да гласаат на 10-ти април.

Францускиот претседател Емануел Макрон и лидерката на екстремната десница Марин ле Пен, вечерва на телевизиски дуел пред вториот круг од претседателските избори во недела.

Предизвикот во вториот круг е да се убедат неодлучните Французи да излезат на гласање, бидејќи 26 насто од гласачите не излегоа да гласаат на 10-ти април.

Пред вториот круг од изборите на 24-ти април останува неизвесноста, иако според некои анкети Макрон ќе победи со 56 насто од гласовите.