Победа на Јотовски
Откако ги надмина здравствените проблеми, Томислав Јотовски со победа се врати на терените. Македонскиот тенисер го победи Чехот Марек Михаличка во првото коло на турнирот во Шарм Ел Шеик.
Иако противникот беше петти носител, Јотовски одигра сигурно и го доби воведниот сет без загубен гем. Во вториот Михаличка беше поуспешен со 6-4, а во решавачкиот трети нашиот претставник му препушти само две игра и со 6-2 се пласираше во наредната рунда. Во второто коло Јотовски ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Журбин од Русија и Луренко од Португалија.