Нови мерки за зголемување на површините на сончоглед во земјава
Со нови мерки за зголемување на интересот за одгледување на сончоглед, владата работи на негово враќање по македонските полиња. Министерот Бектеши најавува стабилизирање на состојбата со снабденост со зејтин...

За надминување на кризната состојба со маслото за јадење од домашно производство, Владата донела две долгорочни мерки. Истите биле со цел стимулирање на одгледувањето на сончогледот по домашните полиња.
И додека државните претставници смируваат дека состојбата со масло за јадење на пазарот е стабилна, од велешката Маслодајна велат дека на пазарот имаат пласирано зголемено количество, сè уште по маркетите има празни рафтови за зејтин.
Велешкиот производител четири години бара начин да го врати сончогледот по македонските полиња. Како единствен производител на зејтин од зрно сончоглед, тие имаат откуп на само 10 отсто од капацитетите за преработка.
Заради заштита на сопственото производство, Владата на соседна Србија, одлучила да извезува во Македонија само на рафинирано масло за јадење во шишиња од по еден литар.
Петар Печков
