40 години од смртта на Ацо Шопов
Одбележани 40 години од смртта на Ацо Шопов. Во Штип, неговиот роден град оддадена почит на еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор на 13 поетски збирки...

Поет, преведувач, издавач, борец, дипломат, академик. Ацо Шопов, еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор на првата збирка „Песни“ објавена во слободна Македонија.
„Ацо Шопов навистина создаде едно импозантно дело, ако имаме предвид дека во основа беше и филозоф, имаше смисла за музика и хумор. Ацо Шопов е и еден од нашите први сатиричари, еден од првите поети кој на високо рамниште ја постави телесноста во литературата“, вели Димитар Пандев, литературен критичар и филолог.
Творештвото на Шопов е сместено во тринаесет поетски збирки, дел од нив препеани на странски јазици. Доминантна карактеристика на неговото творештво е поврзување на сопствената судбина со судбината на татковината и човештвото.
Славица Величковска
