Алармантна невработеност на младите во ЕУ

08.04.2014 14:07

Според првиот човек на Еврокомисијата, определен е буџет во износ од шест милијарди евра за помош при вработување на младите...

Ситуацијата со големиот број на невработени лица на возраст од 15 до 24 години претставува „губење на човечки ресурси и талент што Европа не може да си го дозволи“, изјави дека претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во говор пред Центарот за управување со Европа во Брисел. Порача дека реалност во ЕУ е што невработеноста на младите достигна алармантно ниво. 
 
„Сеопфатна стратегија за поддрша на преминот од училиште кон работа е единствено барање за најголемиот дел од земјите-члени на Европсата унија. Затоа ние ја поставивме т.н. Младинска стратегија, по чија сеопфатна шема ќе стигнеме до сите невработени и неактивни млади лица“, истакна Баросо.
 
Според првиот човек на Еврокомисијата, определен е буџет во износ од шест милијарди евра за помош при вработување на младите.
 
Претседателот на Европската комисија побара силна влученост и одредување на финансиски средства и од страна на земјите-члени на ЕУ, со цел справување со невработеност на младите, што достигнува реордни нивоа од над 25 милиони лица.