Учениците од гимназијата „Георги Димитров“ се безбедни
Пожарот избувнал по полноќ, во дел од ходник во хотелот, откако се запалил помошен кревет. Бил од минимални размери и веднаш бил изгаснат...

Нема повредени. Учениците од гимназијата „Георги Димитров“ од Скопје се безбедни по пожарот што избувна во хотелот „Топ“ каде што беа сместени, изјави во телефонски разговор за МТВ директорот на гимназијата Саше Стојменов.
Пожарот избувнал по полноќ, во дел од ходник во хотелот, откако се запалил помошен кревет. Бил од минимални размери и веднаш бил изгаснат.
Дваесетина од учениците кои се наоѓале на катот каде што се случил пожарот биле евакуирани и се преместени во друг дел од хотелот од повисокакатегорија. Учениците ноќта ја минале мирно и денеска продолжуваат со разгледување на знаменитостите на Прага, како што било предвидено.
Сања Спиридонова
