Македонија

Академскиот уметник Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република

20.04.2022 18:13

Франција одлучи да го одликува големиот македонски уметник и хуманист Киро Урдин со наградата „Почесен витез“, омаж за талентот кој го поседува во себе. Урдин вели: „Како минува времето едно станува се појасно, најважно е да веруваш во себе но и во другите.“

Франција одлучи да го одликува големиот македонски уметник и хуманист Киро Урдин со наградата почесен витез, омаж за талентот кој го поседува во себе. Урдин вели: „Како минува времето едно станува се појасно, најважно е да веруваш во себе но и во другите.“

„Овој свет е можеби малку претесен за вас, а вие постојано крстарите придвижен од вашата желба да ги обедините мостовите помеѓу различните култури со цел да направите да се сплотат различните форми на уметност“, рече францускиот амбасадор во земјава.

Уметникот Киро Урдин како благодарност по повод врачувањето на наградата во француската резиденција и како гест на пријателство помеѓу двете земји им подари слика насловена „Црвена галаксија“.

Александра Спировска