Свет

Британскиот суд одобри екстрадиција на Асанж

20.04.2022 18:54

Се наведува дека Асанж, кој е во притвор во Велика Британија од април 2019 година, може да се соочи со 175 години затвор доколку биде екстрадиран во САД...

Британскиот суд нареди екстрадиција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во САД.

Се наведува дека Асанж, кој е во притвор во Велика Британија од април 2019 година, може да се соочи со 175 години затвор доколку биде екстрадиран во САД.  

Одлуката ќе ја донесе извршната власт во Лондон, а Асанж и натаму има право на жалба. Асанж со години се обидуваше да избегне судење во САД, каде што е обвинет поради објавување голем број доверливи документи пред повеќе од една деценија.