„Маркарт“ започна со градба на фабриката во Велес

08.04.2014 14:59

Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015-та...

Започнаа градежните работи за изградба на фабриката на германската компанија „Маркарт“ (Marquardt GmbH). Фабриката која ќе биде сместена во новоформирана индустриска зона Караслари ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Во неа ќе бидат вработени околу 600 лица.

Производствениот погон ќе биде со површина од 15.000 метри квадратни. Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015-та, по што ќе се започне со производство на автомобилските производи. Инаку, германската групација „Маркарт“ која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во девет земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.

За Велес и велешани оваа инвестиција значи престврт во економското живеење. Невработените гледаат можност за сопствено вработување, а локалните компании  да добијат дел од градежните работи.

 

Дијана Иванова