Кошарка – Прва лига (жени) / плеј – оф (четвртфинале)
Бадел во полуфинале, Струга обезбеди трет дуел
20.04.2022 22:06
Очекувано најдобрата екипа од основниот дел од женската кошаркарска Прва лига, Бадел 1862 е третиот четвртфиналист на плеј – офот. Баделки славеа со 74:37 и со 2:0 ја завршија четвртфиналната серија против Гризли...

Очекувано најдобрата екипа од основниот дел од женската кошаркарска Прва лига, Бадел 1862 е третиот четвртфиналист на плеј – офот. Баделки славеа со 74:37 и со 2:0 ја завршија четвртфиналната серија против Гризли.
Во полуфиналето, Бадел 1862 ќе игра со подобриот од пресметката Струга – Крива Паланка. Стружанки победија во вториот меч дома со 73:53, израмнија на 1:1 и се изборија за мајсторка.
Претходно, за серија во два добиени меча во меѓусебното полуфинале се пласираа актуелниот шампион, Баскет Кам и Вардар.
