ТФТ Скопје подобар од МЗТ Скопје Аеродром
Откако обезбедија враќање во АБА лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја веднаш да се префокусираат на натпреварите од домашната Супер лига. Аеродромци загубија од 73:69 што е нивни четврти пораз сезонава. Со 18 победи МЗТ остана втор, но сега со два бода помалку од Плеистер. ТФТ со биланс 14:9 е четврти...

Откако обезбедија враќање во АБА лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја веднаш да се префокусираат на натпреварите од домашната Супер лига. Аеродромци загубија од 73:69 што е нивни четврти пораз сезонава. Со 18 победи МЗТ остана втор, но сега со два бода помалку од Плеистер. ТФТ со биланс 14:9 е четврти.
Во плеј – аутот, МЗТ Скопје Уни Банка ја оствари третата победа сезонава и тоа против прворангираниот во овој сегмент, Навико ФМП Академија со 89:88. Втората екипа од Аеродром сепак е претпоследна со 21 пораз колку што има и последниот тим на табелата, Ангели којшто беше совладан од Куманово со 84:80.
В четврток ќе играат Работнички и Кожув.
