Македонија против светскиот првак, Норвешка
Нашата земја ќе биде коорганизатор на Европското првенство во ракомет годинава, па македонската женска репрезентација ќе учествува без квалификации. Нашите ракометарки играат во ЕХФ ЕУРО Купот во којшто секој натпревар е добредојден особено поради квалитетот на противниците, Словенија, Црна Гора и Норвешка...

Нашата земја ќе биде коорганизатор на Европското првенство во ракомет годинава, па македонската женска репрезентација ќе учествува без квалификации. Нашите ракометарки играат во ЕХФ ЕУРО Купот во којшто секој натпревар е добредојден особено поради квалитетот на противниците, Словенија, Црна Гора и Норвешка.
Токму светските шампионки, Норвежанките ќе бидат следен противник на Македонија којашто ќе биде ослабена во овој двомеч. Без разлика што Норвешка ќе биде без неколку главни ракометарки, нејзината моќ најдобро ја отсликуваат триесетте трофеи од врвните натпреварувања.
Првиот од двата натпревара ќе се одигра во четврток во Скопје во СЦ Борис Трајковски со пренос на МТВ 1 и 3 во 19.25
