Ракомет – Супер лига (мажи) / плеј – оф (5. коло)
Победи на фаворитите
20.04.2022 22:28
Еурофарм Пелистер славеше во Скопје кај Бутел со 26:17 и остана лидер со максимален ефект од пет триумфи и 19 бода...

Во очекување на дербито на 2-ри мај во Битола што ќе го реши ракометниот шампион, победи на фаворитите во 5. коло од суперлигашкиот плеј – оф.
Еурофарм Пелистер славеше во Скопје кај Бутел со 26:17 и остана лидер со максимален ефект од пет триумфи и 19 бода.
Вардар, пак, на гости беше подобар од Тиквеш со 28:24 и сега на второто место со натпревар помалку заостанува зад битолчани пет бода.
В четврток ќе се одигра дуелот на петтиот на табелата, Еурофарм Пелистер 2 и шестиот, Охрид.
