Фудбал – Куп на Македонија

Македонија Ѓорче Петров и Силекс во финале

20.04.2022 22:32

Минатата сезона го освои купот, па испадна во втора лига, сега како второлигаш, Силекс ќе го брани трофејот. И фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе играат за вториот по вредност пехар во македонскиот фудбал...

Минатата сезона го освои купот, па испадна во втора лига, сега како второлигаш, Силекс ќе го брани трофејот. И фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе играат за вториот по вредност пехар во македонскиот фудбал.

Како второлигаш и веројатно иден прволигаш, Силекс во Битола го совлада прволигашот и од следната сезона второлигаш, Пелистер со 1:0. За кратовци ова ќе биде петто финале, откако го освојуваа трофејот во 1994, 1997 и 2021-та година, а беа поразени во 1995-та.

Македонија, пак, со 4:2 на пенали, откако по 90 минути беше 0:0, славеше како гостин против Струга ТЛ. Ѓорчепетровци четврти пат ќе играат за куп – пехарот што го освојуваа во 2006-та, а губеа во финалињата во 2009-та и во 2019-та година.

Финалето ќе се одигра на 20-ти мај во Скопје на Арената Тодор Проески