Велигден

Се вапсаа велигденските јајца

21.04.2022 09:31

Пред изгрејсонце, според традицијата, се вапсаа велигденските јајца. Прилепчанки ги одржуваат традициите и го чуваат симболот на цветното велигденско јајце, а и сите адети пред Велигден и за најрадосниот празник. Сакаат традиционалните вредности за верба, простување да ги пренесат на генерациите...

Се вапсаа велигденските јајца. Пред изгрејсонце. Црвени како Христовата крв. Прилепчанки ги одржуваат традициите и го чуваат симболот на црвеното јајце.

Се знаат и се пренесуваат адетите во деновите на страсната недела и за најрадосниот празник.

Поврзаноста, вербата и вредностите се попотребни од кога и да е. Особено за новите генерации.

Вапсувањето велигденски јајца и пречекот на најрадосниот празник остануваат во основата на традиционалните вредности.

Елизабета Митреска