Пресечен уште еден меѓународен наркоканал

08.04.2014 15:31

Лишените од слобода се жители на Стојаково, и се на возраст од 47 и 49 години. Покрај нив, во бегство се и 5 лица, за кои се претпоставува дека се нивни соучесници...

Во три одвоени акции, дел од операцијата „Мрежа“, МВР заплени  над 140 килограми марихуана и околу 5 килограми хашиш. Вредноста на наркотиците изнесува 500.000 евра.

„Во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеа за криумчарење наркотици, главно од Република Албанија. Во првиот случај, дрогата од Албанија, преку Република Македонија и Грција, требало да биде пренесена во западноевропските земји. Притоа се уапсени две лица, државјани на Република Македонија“, изјави Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Лишените од слобода се жители на Стојаково, и се на возраст од 47 и 49 години. Покрај нив, во бегство се и 5 лица, за кои се претпоставува дека се нивни соучесници.

Во потрагата е пронајдено и возило со привремени бугарски таблички, кои припаѓале на друго транспортно средство. Сопственикот, инаку жител на струшкото село Калиште, исто така е уапсен, и при пребарувањето на неговото живеалиште, пронајдено е одредено количество оружје.

„Во вториот случај, станува збор за организирана заседа на безбедносните сили, при што две лица избегале.Осомничените се државјани на Република Албанија,  од коиедниот,бегајќи од полициската замка, фрлил ранец, во кој имало околу 6 килограми марихуана“, додаде Јанкулоска.

Во третата акција на полицијата е приведен охриѓанец, кај кого се пронајдени половина килограм марихуана, наменета за продажба во Македонија.

 

Роберт Димковски