Македонија направи успешна интеграција на Ромите во државата

08.04.2014 15:36

Ромската заедница во Македонија денес има претставници во сите нивоа на власта - министер, пратеник, градоначалник, советници во локалната власт, заменик на народниот правобранител и мноштво раководители во државната и јавната администрација. За успешната приказна за развојот на ромите во Република Македонија говори министерот без ресор г-дин Неџет Мустафа.

За оваа декада што се направи, до каде сте со патот за остварување на правата на ромите?

Сонот на ромите во содржините на декадата и стратегијата постепено се остварува, се остварува повеќе од 550 стипендии кои што ги делиме на сите ромски средношколци во државата. Се остварува преку сонот на она што многумина држави во светот им е само сон, а ние тоа го остваруваме преку тринаесетте информативни центри кои што се задолжени од мене да ги помагаат ромите во однос на обезбедување на комплетната нивна лична документација, сонот на ромите се остварува преку тринаесетте градинки за инклузија на деца во предшколско образование и некаде повеќе од 1800 деца се внесени во градинките. Исто така нашата програма и стратегија на декадата да се имплементира преку содржините на местоположбата каде што живеат роми, нема место каде што живеат ромите а во изминатите 6 години да не направивме по некоја улица, канализација, водовод, подобрување на супстандарното живеење.

Но, на крајот од февруари констатиравте дека и по завршувањето на декадата на ромите ќе продолжите, затоа што некои од главните проблеми детектирани како што е сиромаштијата, не се крајно решени?

Ние не велиме дека сме уморни од ова што го постигнавме, ромите се во движење има уште многу проблеми децениски кои што треба да ги решаваме, ама добро е што почнавме да имаме конкретни резултати со декадата и стратегијата, токму затоа велам дека оваа шанса што е дадена на ромите, ќе продолжи со тоа што владата пред само неколку недели ја донесе својата одлука дека ќе продолжи и во следните десет години да ги остварува идеалите на содржините на декадата и стратегијата. Од тие причини сметам дека интегрирањето на ромите повеќе од петстотини средношколци и студенти се интегрирани во сите министерства во владата на Р. Македонија, тоа што го нема во ниту една држава во светот. Впрочем, јас сум единствениот ром- министер во светот и тоа е голема гордост на македонските роми и на сите други држави во светот да земат пример од  демократијата на Република Македонија.