Тони Крос во Манчестер Јунајтед?
Германскиот репрезентативец Тони Крос ова лето се сели на Олд Трафорд!Реалност или само дел од психолошката војна во пресрет на утрешната пресметка на Алијанс Арената меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите?

Германскиот репрезентативец Тони Крос ова лето се сели на Олд Трафорд!Реалност или само дел од психолошката војна во пресрет на утрешната пресметка на Алијанс Арената меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите?
Од поодамна пишти алармот во редовите на англискиот шампион! Еден по друг заминуваат возовите за пат во високото фудбалско друштво без „Црвените ѓаволи“, Јунајтед остана да се вози само на колосекот во Лигата шампионите со голема веројатност Минхен да биде последната негова станица!Според англискиот печат деновиве интензивно се прави списокот на играчи, кои што би биле доведени на Олд Трафорд во летниот преоден рок, а прв на тој список е 24 годишниот Тони Крос. Се шпекулира и со сумите за добивање на неговиот потпис: трансфер вреден 40 милиони фунти и неделна плата од 200 илјади фунти!Според многумина фудбалски стручњаци Крос е најкомплетниот играч од средниот ред на Баерн.Тоа се однесува и за неговото учество во германската репрезентација за која што досега одигра 42 натпревари меѓу кои и Светското првенство во 2010 и Европското во 2012 година.
На листата на желби на Манчестер Јунајтед се уште двајца слични фудбалски профили. 22-годишниот играч на Спортинг од Лисабон и португалски репрезентативец Вилијам Карваљо, чиј евентуален трансфер би бил вреден 35 милиони фунти и Илкај Гундоган од Борусија Дортмунд „проценет“ на 15 милиони фунти.
