САД
Во Аризона беснеат пожари
21.04.2022 13:34
Пожарот во Аризона пеплоса десетици згради и принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, јавуваат локалните медиуми. Пожарот зафатил ретко населена ридска област во северниот дел, соопшти американската шумска служба...

Пожарот во Аризона пеплоса десетици згради и принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот зафатил ретко населена ридска област во северниот дел, соопшти американската шумска служба. Изгорени се повеќе од 16.000 хектари, а пламените јазици и натаму се шират.
Областа на Аризона, Ново Мексико, Јута и Колорадо се соочуваат со суша веќе две децении.
