Пандемија

СЗО: Опаѓа бројот на заразени со Ковид-19, но потребна е претпазливост

21.04.2022 14:14

Минатата недела на глобално ниво се регистрирани речиси четвртина помалку пријавени случаи на лица инфицирани со коронавирусот.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 опаѓа од крајот на март, соопшти Свеската здравствена организација.

Минатата недела на глобално ниво се регистрирани речиси четвртина помалку пријавени случаи на лица инфицирани со коронавирусот. СЗО, сепак наведува дека бројките треба да се гледаат со претпазливост бидејќи земјите ги менуваат стратегиите за тестирање, преку помалку тестови, а со тоа и помал број откриени позитивни случаи.

Најмногу инфекции минатата седмица се регистрирани во Јужна Кореја, Франција и во Германија.