Електричeн реванш меѓу Макрон и Ле Пен
Двајцата претенденти за Елисејската палата се соочија еден наспроти друг вчера вечер за нивната втора дебата меѓу двата круга. Кандидатката на екстремната десница не најде соодветен одговор на претседателот кој бара втор мандат, во размената каде прашањата поврзани со енергијата заземаа големо местo...

Ле Пен тргнува веднаш во напад, претставувајќи се како кандидат „на народот“ и проектирајќи се себеси како претседателка „на суверенитетот“ и на „секојдневното“ живеење.
Макрон уште од самиот почеток започнува со тоа што се гордее со постигнатото во својот петгодишен мандат, кој ги донел „вистинските одлуки“ за време на кризите. Тој планира втор мандат со две цели: „да ја направи земјата, Франција, понезависна и посилна“ и „да го подобри секојдневниот живот“.
За куповната моќ, првата тема извлечена со ждрепка, Марин Ле Пен мисли дека може да ја развие својата главна тема од кампањата, таа, која многу рано ја идентификуваше оваа главна грижа на Французите.
За војната во Украина, Макрон ја обвинува онаа која пред инвазијата на 24 февруари не го криела своето воодушевување од станарот на Кремљ. Напаѓајќи ја за заемот на Националниот собир, за кампањата во 2017-та година, од руска банка блиска до власта, тој потсетува на поддршката на Ле Пен за анексијата на Крим: „ Неколку минути одмор за неговата противкандидатка и тој повторно ја напаѓа во врска со нејзиниот став за напуштање на ЕУ, на што таа возврати: „80% од вашата програма се смени“, вели таа. „Имате закржлавена визија за Франција, таа не е континентална земја, туку глобална“, се обидува таа да се одбрани.
Шефот на државата, доброволно професорски, понекогаш снисходливо, се чини дека ја коригира копијата на ученичката Ле Пен. Не успевајќи секогаш да се ослободи од ароганцијата, карактерна особина која често му се прекорува.
Тони Гламчевски
