Свет
Голем пожар во руски воен институт, две лица се загинати
21.04.2022 18:23
Две лица загинаа во пожар во Централниот истражувачки институт на силите за воздушна одбрана во рускиот град Твер, едно лице се води како исчезнато, а 20 се повредени...

Две лица загинаа во пожар во Централниот истражувачки институт на силите за воздушна одбрана во рускиот град Твер, едно лице се води како исчезнато, а 20 се повредени. Според претходните информации, некои луѓе страдале од вдишување чад, додека други добиле повреди откако скокнале од прозорците за да избегаат од пожарот.
Пожарот почнал на вториот кат и зафатил околу 1.000 квадратни метри. Сè уште не е локализиран. Според првичните информации, пожарот настанал поради дефект на електричната мрежа.
