Авганистан

Најмалку 30 загинати во експлозија во џамија на северот на Авганистан

21.04.2022 19:23

Во болниците биле примени уште 80 ранети лица. А според властите бројот на загинатите може да се зголеми...

Најмалку 30 луѓе загинале во експлозија во џамија во градот Мазар-и-Шариф. Во болниците биле примени уште 80 ранети лица. А според властите бројот на загинатите може да се зголеми.

Претходно најмалку 20 лица загинаа во три експлозии во западниот Кабулски кварт Дашт-е-Барчи, населен главно со припадниците на шиитското малцинство Хазари, во моментите кога учениците излегувале од училниците во претпладневните часови.