„Викиликс“

Асанж на чекор до екстрадиција во САД

21.04.2022 19:33

Неговите адвокати имаат само уште четири недели на располагање да ги убедат британските власти...

Се стега обрачот околу основачот на „Викиликс“, кој објави извештаи за наводни воени злосторства на САД.

Неговите адвокати имаат само уште четири недели на располагање да ги убедат британските власти. Изгледите се лоши. Асанж од април 2019 е во лондонскиот затвор „Белмарш“.

Условите во кои се држи независни експерти ги критикуваат како нехумани. Сега е уште поверојатно дека основачот на платформата „Викиликс“ ќе биде испорачан на САД.