Норвежанките и ослабени недопирливи за македонските ракометарки
24:18, oчекуван пораз на Македонија од актуелниот светски и европски првак Норвешка
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски пружија 47. минутен силен отпор против најтрофејната светска ракометна селекција. Македонија импресионирана од фаворитот влезе во натпреварот и во воведните десет минути имаше негатива од четири гола. Норвешка Консолидацијата стигна брзо па во следната идентична секвенца со серија од 3:1, нашите репрезентативки се приближија на минус два а во неколку напади имаа и шанса да се приближат на само еден гол негатива.
Сепак, полувремето заврши со 14:12 за ривалот кој во Скопје допатува без шесте најдобри ракометарки, и со исто толку дебитантки.Со самодовербата од првиот дел, нашите девојки издржаа уште седумнаесет минути, период во кој гостинките седум и пол минути останаа без гол, нашите девојки изедначија на 14:14, и пропуштија шанса и за прво водство.
Реновираниот состав на светскиот и европски шампион со одлична одбрана и казнување на грешките и немоќта на македонските репрезентативки, возврати со серијаод 7:0 и го реши прашањето на победникот, оправдувајки ја фаворитската улога. Во поразот од 24:18, Мицевска на голот беше одлична со 12 одбраани, најефикасна беше Саздовска со седум гола, четири постигна Јанеска, на три застана Ристовски. Кај Норвешка, Фауске најпрецизна со шест гола, еден помалку запиша Арнтцен. В недела Македонија гостува кај вечерашниот противник, во последниот дуел од оваа конкуренција.
