Свет

Ден на планетата земја: Инвестирајте во нашата планета

22.04.2022 09:19

Зелените инвестиции за одржлива иднина ќе бидат во фокусот на организаторите од мрежата, чија мисија е да ги диверзифицира, едуцира и активира еколошките движења ширум светот.

Темата на овогодинешниот Светски ден на планетата земја е „Инвестирајте во нашата планета“. Зелените инвестиции за одржлива иднина ќе бидат во фокусот на организаторите од мрежата, чија мисија е да ги диверзифицира, едуцира и активира еколошките движења ширум светот. 

Повеќе од милијарда луѓе и над 150.000 партнерски организации учествуваат во активности во 192 земји на 22 април секоја година, со што Днот на планетата е најголемиот граѓански настан во светот.