Свет
Лидерите на Сверна и Јужна Кореја разменија „писма на пријателство“
22.04.2022 09:55
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае Ин размениле писма на пријателство...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае Ин размениле писма на пријателство.
Мун ветил дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на декларациите донесени на состаноците во 2018 година и покрај „тешката ситуација“ и тензиите предизвикани од севернокорејското тестирање на интерконтинентални балистички ракети.
Ким му се заблагодарил за обидите да ги подобри односите меѓу двете земји истакнувајќи дека овие „историски“ самити им дале надеж на луѓето за иднината.
