Расмусен: Последните случувања во Украина се повод за голема загриженост

08.04.2014 16:54

Според генералниот секретар на НАТО, последните случувања во источниот дел од Украина се повод за голема загриженост. Тој побара од Русија да ја повлече војската од границата со Украина.

„Руската агресија врз Украина е најголемиот предизвик за безбедноста на Европа. Ја повикувам Русија да се повлече и да не ја зголемува напнатоста во ситуацијата во Источна Украина“, вели Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.

Белата куќа соопшти дека има силни докази дека проруските демонстранти во источна Украина не биле жители, туку платеници. Инаку проруските активисти во Доњецк прогласија „народна република“ и по стапките на Крим најавија референдум за источниот дел од Украина да се присоедини кон Русија.  Украинскиот министер за внатрешни работи Аваков рече дека во источниот град Харков била спроведена антитерористичка акција во која биле уапсени 70 сепаратисти.

„Тоа беше мирен собир, но војската отвори прозорци и почна да фрла чадни бомби кон толпата, кон жени и кон деца“, вели жител на Харков.

Кремљ предупреди дека секоја употреба на сила во источниот дел на Украина, би можело да ја вовлече земјата во граѓанска војна.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека југоисточните делови на Украина треба да бидат вклучени во разговорите за иднината на земјата.  Тој денес во Москва изјави дека Русија сака тие региони, каде во најголем дел се говори на руски, да бидат вклучени во мултилатералните разговори.

Марина Автовска