Зеленски: Русија го одби предлогот за прекин на огнот за Велигден
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на Велигденските празници. Но, изрази надеж за мир. Им се заблагодари на САД, за новиот пакет од 800 милиони долари, воена помош. Битката за Мариупол е далеку од завршена. Судбината на илјадници цивили и натаму неизвесна…

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на Велигденските празници. Рече дека сепак сè уште има надеж за мир. Им се заблагодари на САД за новиот пакет од 800 милиони долари воена помош.
„САД најавија нов пакет поддршка за нашата нација. Благодарни сме за тоа. Пакетот содржи моќни одбранбени алатки за нашата војска. Артилерија, гранати, беспилотни летала. Тоа е она што го очекувавме. Благодарен сум на нашите партнерите за нивната помош и ги повикуваме да ја забрзаат испораката на оружјето што ѝ е потребно на Украина за да можеме да го приближиме мирот“, нагласи Зеленски.
Командант на единицата во Азовскиот полк рече дека битката за Мариупол е далеку од завршена. Судбината на илјадници цивили и натаму неизвесна.
„Русите нема да разберат дали Путин ќе се повлече. Дури и оние кои го поддржуваат. Затоа единствениот пат за него е да оди до Донбас. Таму ќе загуби и најверојатно ќе го нема. После тоа режимот ќе падне и ќе можеме да почнеме да разговараме. Сега не може да има никакви договори“, рече Константин Немичев, командант на единицата Кракен на Азовскиот полк.
Околу 80 луѓе од Мариупол успеаја да стигнат до Запорожје.
„Пекол е она што се случува во Мариупол. Не е можно само да се прераскажува. Ако светот не преземе мерки, Запорожје ќе биде исто. Треба да се направи нешто што е можно поскоро.“
„Значи, ситуациите дури и во различни области и малите области се сосема различни, но сите се многу, многу комплицирани. И многу е тешко кога ќе видите дека вашиот град, кој е изграден пред вашите очи умира“, велат раселени лица од Мариупол.
Американската компанија „Максар“ објави сателитски снимки од наводни масовни гробници близу Мариупол, што Русија вчера го прогласија за ослободен по речиси два месеца жестоки борби. Локалните власти ја обвинија Русија дека закопува цивили за да го прикрие масакрот во уништениот пристаништен град.
Марина Ристова
