Кошарка

Конектикат универзитетски шампион!

08.04.2014 17:03

Најдобрата универзитетска кошарка се игра во Конектикат. Со стопроцентен ефект во финалните натпревари Конектикат ја освои четвратат титула во американската универзитетска лига.

Најдобрата универзитетска кошарка се игра во Конектикат. Со стопроцентен ефект во финалните натпревари Конектикат ја освои четвратат титула во американската универзитетска лига.

Пред 80 илјади гледачи на стадионот на „Далас Каубојс“ популарните „Хаски“ го совладаа Кентаки со 60:54. За Конектикат ова е втор трофеј во последните четири сезони и како и во 2011-та до пехарот дојдоа преку Кентаки кого пред три години го совладаа во полуфиналето. Интересен е фактот дека Конектикат стана универзитетски шампион само година по забраната за настап во завршницата на НЦАА лигата затоа што неговите студенти – кошаркари имаа низок просек на оценки.

Конектикат беше подобар и водеше во текот на целиот дуел, најмногу со 15 поени. Кошаркарите на Кентаки успеаја да се доближат на само поен негатива, но мечот го загубија затоа што промашија 11 слободни фрлања, за разлика од противникот кој ги погоди сите десет.

Во одличната игра на целата екипа како поединец кај Конектикат се издвои Шабаз Најпер кој реализираше 22 поена, 6 скока и 3 асисетенци. Ииако беше располжен по голем триумф сепак најдобриот играч на мечот се пожали дека стипендијата ги покрива само потребите околу студирањето и дека често морал да си легнува гладен.

Поради НЦАА финалето кој еголем спортски настан во САД, ноќеска не се играа НБА натпревари.