„Искуство на пејзажот“ ја претставува Македонија на 59-то Венециско биенале
Овој мултимедијален настан вклучува видео-инсталации, објекти и фотографии со естетиката во средиштето на спротивностите меѓу животот и смртта, меѓу убавото и грдото, меѓу виталното и отровното.

Македонија се претставува на 59-то Венециско биенале со изложбата „Искуство на пејзажот“. Овој мултимедијален настан вклучува видео-инсталации, објекти и фотографии со естетиката во средиштето на спротивностите меѓу животот и смртта, меѓу убавото и грдото, меѓу виталното и отровното.
Тоа е предупредување за опасностите кои нè демнат доколку се преземат соодветни системски чекори против злоупотребата на природните ресурси на земјата во која беснеат безумните војни-се вели во соопштението од Министерството за култура.
Македонското катче на биеналето го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Автори на поставката се Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.
