Македонија
Пожарот над струшки Елен Камен сè уште активен
23.04.2022 10:07
Во областа има и викенд населба, каде што многу граѓани го минуваат празникот, но според информациите од струшката локална власт, нема опасност по куќите, објектите и викендичките.
Големиот пожар што вчера попладне избувна во шумата над струшки Елен Камен, над патот за Радожда, е сè уште активен. Очевидци велат дека огнот многу бргу се ширел поради силниот ветер. На терен се пожарникарите.
Во областа има и викенд населба, каде што многу граѓани го минуваат празникот, но според информациите од струшката локална власт, нема опасност по куќите, објектите и викендичките.
Проблем при гаснењето претставува и непристапниот терен.
