Регион

28- годишна девојка загина во земјотресот во БиХ

23.04.2022 10:10

Материјална штета е пријавена и во Мостар, Љубиње и Чапљина. По главниот потрес што се случи околу 23 часот, следувале и повеќе помали потреси.

Силен земјотрес од 6,1 степен по рихтер синоќа ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот е регистриран на 15 километри од Столац. 28-годишна девојка загина откако карпа паднала врз нејзината куќа. Во потресот полесно се повредени и членовите на нејзиното семејство.

Материјална штета е пријавена и во Мостар, Љубиње и Чапљина. По главниот потрес што се случи околу 23 часот, следувале и повеќе помали потреси.

Тектонските движења беа почувствувани во повеќе држави во регионот и во Италија.