Издавачка дејност во Повардарската епархија
Книги со световна содржина, списанија со верски теми и актуелни вести од работата на црквата, веќе 15 години издава Повардарската епархија на МПЦ-ОА...

Во рамките на Повардарската епархија на МПЦ-ОА работи и издавачката дејност, Св. Ѓорѓи Полошки. Таа е формирана во 2007-та година. Освен верска и световна литература и списанија со верски содржини и актуелни текстови од работата на црквата, издава дела и значајни за културата во Македонија.
Издавачката дејност Св. Ѓорѓија Полошки ја издаде и илустрираната едиција со библиски настани, наменета за деца во 12 стрип изданија. Тие нивните дела ги изложуваат редовно на Саемот на книгата во Скопје, а така ќе биде и за тој што наскоро ќе се одржи пред салата Борис Трајковски. Досега биле седум пати учесници. Нивните изданија се барани и читани.
За издавањето на книгата за царското руско семејство Романови на Повардарската епархија, доби благодарница од Неговата светост, Патријархот Московски и на Русија, г. Кирил. Читателската публика е сè побројна од ден на ден а нивните изданија се дел од библиотеките на многу домови во Македонија. Истите можат да се најдат во сите храмови на Повардарската епархија, но и во поголемите цркви во останатите градови од земјава или по порачка.
Петар Печков
